Соопштение за јавност
Власта веднаш да ги објави резултатите од анализите за водата во Гостивар и јавно да покаже дали таа конечно е безбедна за пиење, побара претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче рече дека начинот на кој власта ја менаџира кризата е импровизаторски и дека по сите противречни информации досега, граѓаните не можат да веруваат само на изјави од премиерот Мицкоски и министерот за здравство Клековски.
„Зошто не го покажат резултатот од Гостивар? Зошто не се покаже во јавноста? Исправна ли е водата за пиење, конечно? Како може да им се верува само на изјавите, на најавите на премиерот, на министерот за здравство“, рече Филипче.
Тој потсети дека граѓаните претходно биле уверувани дека водата е исправна, а само неколку дена подоцна болницата во Гостивар била преполна со пациенти.
„Само три дена откако веќе болницата во Гостивар беше преполна со пациенти, тогаш се најавија некакви мерки и укажувања. Три дена претходно кажале дека водата е исправна“, рече Филипче.
Токму ваквото постапување е причината поради која изјавите на надлежните веќе немаат кредибилитет и затоа јавноста мора да ги види официјалните резултати и факти.
„Тие луѓе немаат кредибилитет. Не може да имаме доверба во луѓето. Едноставно не ја кажуваат вистината. Кријат факти. Кој ја менаџира кризата? Министерот за здравство упатува на една, друга, трета институција. Тој ли ја менаџира кризата? Институтот за јавно здравје? Центарот за јавно здравје? Болницата во Гостивар? Кој ја менаџира кризата?“, праша Филипче.
Претседателот на СДСМ рече дека истото импровизаторско менаџирање на власта се гледа и во другите здравствени кризи со кои се соочува државата.
„Практично импровизаторско менаџирање, како и на кризата со водата и со западнонилската треска“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Линк до видео:

