Филипче: Пиперката 50 денари, Вранецот 28, Смедеревката 25 денари – земјоделците мора да добијат достоинствена цена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека нема сектор во земјоделството од кој земјоделците не реагираат и не бараат поддршка од власта, но наместо решенија, тие не добиваат ништо. Филипче посочи дека власта ги остава земјоделците сами да се справуваат со зголемените трошоци и со ниските откупни цени, иако земјоделците со месеци укажуваат на проблемите.

„Огромен број на земјодолци доаѓаат и укажуваат на своите проблеми во изминатиот период. Нема сектор од земјоделството од кој што нема реакција и барања за поддршка, помош од власта, а земјоделците ништо од тоа не гледаат. Откако се крена прав, галама, премиерот самиот најави дека затворено е прашањето со откупот на пиперката. Како е затворено. Не може да им се даде на луѓето помалку пари од тоа што имале во времето на владите на СДСМ. Тогаш се плаќало за откуп 50 денари, сега 40, на неколку кратно зголемени трошоци за производство во целокупниот сектор за земјоделство сега е период изминатите две години поради растот на цените за работна рака, ѓубрива вештачки, вода и така натаму“, рече Филипче.

Филипче порача дека потребна итна и конкретна поддршка за сите земјоделски гранки, за сточарите, производителите на пченица, пиперки, грозје.

„Потребна е поддршка, во секторот сточарство, за откупот на млекото, понатаму за откупот на пченицата, да се зголеми откупната цена на пиперката, на најмалку 50 денари, и сега доаѓа откупот на грозјето. Земјоделците, исто како што се жалеа минатата година, и ниту една од тие работи кои што ги бараа не им беше задоволена, остварена од страна на власта, исто е и сега, нема никаква комуникација, ниту најава, дека ќе има задоволителна цена на откупот на грозјето“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ рече дека и состојбата во лозарството е катастрофална и најави дека СДСМ ќе поднесе предлог за зголемување на откупната цена на грозјето, бидејќи сегашните цени се понижувачки и не ги покриваат ниту основните производни трошоци.

„За килограм вранец ќе побараме 28 денари, а за килограм смедеревка 25 денари. Затоа што после разговорот со голем број на лозари, тоа е цената која што има некаква логика, може да им излезат трошоците на лозарите кои ги вложија своите средства во тоа да се одгледа грозјето, изминатиот период и секако да им остане каква таква заработка. Сега се навистина смешни цените за кои што се најавува дека ќе бидат откупни цени на грозјето, некаде околу 20-21 денари. Тоа нема апсолутно никаква економска логика“, рече Филипче.

Линк до видео: