Филипче: Мицкоски им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да понуди резултати и подобар животен стандард, премиерот Мицкоски продолжува да им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување, па и со статистички пресметки кои немаат допир со секојдневниот живот на граѓаните.

„Премиерот Христијан Мицкоски продолжува да се однесува и да им се обраќа на граѓаните со потсмев и со потценување. Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти, што и да сакаше да каже, побрзо, пензиите, замислете, 325 проценти, се споредува со времето на владите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче.

Филипче порача дека граѓаните не можат да бидат излажани со бројки, затоа што реалноста ја гледаат секој ден преку сопствениот семеен буџет и животниот стандард.

„Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат. Тие бројки кои што премиерот ги кажува, очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат. Тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери“, истакна претседателот на СДСМ.

Ако економијата навистина е толку успешна како што ја претставува Мицкоски, тогаш власта треба тоа да го покаже со конкретни мерки за подобрување на животниот стандард, рече Филипче и најави дека СДСМ повторно ќе го предложи законот за минимална плата од 600 евра.

„Ако е така како што кажуваат, дека сме трета, четврта економија во светот, ако добро и успешно се справуваат со инфлацијата, ако добро ги менаџираат финансиите, еве прва мерка. Повторно, на почетокот на септември, откако ќе почне со работа Собранието, ќе го дадеме законот со којшто минималната плата ќе побараме да биде 600 евра“, рече Филипче.

Тој нагласи дека сегашната минимална плата не е доволна за покривање ниту на основните трошоци на граѓаните, особено во периодот пред почетокот на учебната година.

„Не 25-26.000 како што е сега, толку колку што им е потребно на луѓето да ги закрпат основните потреби, основните трошоци, посебно кога почнува школската година и кога трошоците за живот, за функционирање многу растат“, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Линк до видео: