Филипче: Единствената вистина е дека оваа власт не сака во Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцираше дека единствената вистина е дека оваа власт не сака во Европа и свесно ја оддалечува државата од Европската Унија. Додека другите земји од регионот забрзано напредуваат на европскиот пат, Македонија останува изолирана.

„За Европа повеќе никој не ни зборува. Останавме слепо црево на Балканот и на Европа, во моменти кога од Европската Унија доаѓаат сигнали дека ќе се забрза патот на Црна Гора, имајќи го предвид хибридното влијание на Србија таму и сите обиди да нема прогрес на европскиот пат на Црна Гора. Тоа Европската Унија го препознава и го забрзува делот на отворање и затворање на поглавјата, за што поскоро да се заврши тој процес и Црна Гора да стане полноправна членка на Европската Унија. Многу силно напред, интензивно работи и Албанија. Со нас повеќе никој не се занимава, никој не нè спомнува. Наводно има некакви тајни, скришни разговори. Ништо од тоа не е вистина“, обвини Филипче.

Филипче потенцираше дека власта не сака европска интеграција поради нејзиниот однос кон институциите и Европското обвинителство.

„Единствената вистина е дека оваа Влада не сака во Европа, поради тоа што не сака јавни, транспарентни, добри институции, поради тоа што не сака Европско обвинителство, затоа што ќе одговара за своите криминални постапки. Оваа власт е антиевропска и нè држи изолирани под влијание на српскиот свет. Не го кажуваме ние тоа. Европа го кажува тоа, дека овде влијание има српскиот свет“, рече Филипче.

Линк до видео: