Филипче: Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Огромната буџетска дупка е резултат на катастрофалното управување на Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Струга. Филипче посочи дека проблемот со Буџетот веќе не е само проекција, туку состојба која се реализира порано од предвиденото.

„Огромна е дупката во Буџетот која што се создава и која што според промашените проекции на оваа власт веќе сега се реализира, иако таа дупка требаше да биде проекција до крајот на годината, за жал, има нови задолжувања кои што ги трошиме само за плати, никако за вистински проекти кои што носат економски раст. Дополнително на тоа, е најавата за нов заем од 1 милијарда и 300 милиони евра, кои што треба да го плаќаат кој знае колку следни генерации, повторно поради лошото менаџирање“, рече Филипче

Притоа, Филипче посочи дека ваквото управување со јавните финансии се одвива паралелно со падот на странските инвестиции и зголемувањето на трошоците за живот, што дополнително го влошува економскиот амбиент и е показател дека македонската економија тоне.

„Сериозниот пад на странските инвестиции, имено последниот квартал кој што се објави од 2026 година со само 18 милиона евра странски инвестиции, споредбено со 250 милиони евра странски инвестиции во времето на владите на СДСМ е само еден од показателите за тоа како практично економски државата тоне“, рече Филипче.

Тој додаде дека ваквите лоши владини економски политики, ги чувствуваат граѓаните преку растот на трошоците за живот што сериозно го притискаат семејниот буџет.

„Имаме раст на трошоците, повторно за скоро 1000 денари за само еден месец, зголемување на синдикалната кошничка, на која што ако се додадат трошоците за кирија за еден стан просечен или за кредит кој што граѓаните го враќаат за станбеното прашање во банките, достигнува близу 90.000 денари.Апелирам да власта го поддржи нашиот предлог во Собранието за зголемување на минималната плата од 600 евра. Тоа е најмалку што можат да направат за луѓето, за работниците, за семејствата, затоа што тоа им е единствен приход, поради тоа што поради огромните трошоци едноставно луѓето не можат да врзат крај со крај“, рече Филипче.

Линк до видео: