Филипче: Економијата тоне, во последниот квартал има само 18 милиони евра странски инвестиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава од Струга предупреди дека економијата тоне, што е последица на лошото менаџирање на економските и финансиските политките на власта. Филипче посочи со лошите политики на Владата, оваа економска криза во следниот период ќе се продлабочува.

„Се соочуваме со една огромна и страшна криза која што поради лошото менаџирање на оваа власт, на економските и финансиски текови очекуваме во следниот период се повеќе да се продлабочува“, рече Филипче.

Тој додаде дека има сериозен пад на странските инвестиции, што е еден од показателите за состојбата во која се наоѓа македонската економија.

„Последниот квартал кој што се објави од 2026 година со само 18 милиона евра странски инвестиции, споредбено со 250 милиони евра странски инвестиции во времето на владите на СДСМ е само еден од показателите за тоа како практично економски државата тоне“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, нагласи дека падот на странските инвестиции е дел од пошироката слика на економските проблеми со кои се соочува државата, како што е зголеменото и неконтролирано задолжување на власта, растот на трошоците, дефицитот на ПИОМ.

„Најавата за нов заем од 1 милијарда и 300 милиони евра, кои што треба да го плаќаат кој знае колку следни генерации, повторно поради лошото менаџирање, огромната дупка во буџетот која што се создава и која што според промашените проекции на оваа власт веќе сега се реализира, иако таа дупка требаше да биде проекција до крајот на годината, за жал, нови задолжувања кои што ги трошиме само за плати, никако за вистински проекти кои што носат економски раст. Има раст на трошоците, повторно за скоро 1000 денари за само еден месец и зголемување на синдикалната кошничка“, рече Филипче.

Линк до видео: