Филипче: Истите луѓе и структури од „Рекет“ стојат и зад овој проект против СДСМ– нема да им успее!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочи дека зад актуелниот обид за дестабилизација и поделби во СДСМ стојат, истите луѓе и структури кои и во минатото беа дел од обиди за разнебитување на партијата.

Филипче потсети на претходните поделби во СДСМ, формирањето на ЗНАМ, обидите за пуч и крах на владата, структурите на на, „Рекет“, посочувајќи дека истиот модел, се повторува и денес.

„Ете затоа излегуваат сега и затоа ги праќа Христијан Мицкоски да не дефокусираат, за да ни го одземат вниманието. Ама нема да успеат. Видовме во минатото поделби на партијата. Видовме формирање на ЗНАМ. Видовме обиди за пуч и крах на владата, „Рекет“. Верувајте, истите луѓе и истите структури се и позади овој проект. Нема да им успее“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека актуелниот процес има за цел да го одвлече вниманието од политичкото дејствување на СДСМ и од темите за кои партијата ја критикува власта.

„Зошто сега излегуваат и ја дефокусираат јавноста од сите битни теми? Кои се битните теми? Зошто не зборуваат или ни го одземаат вниманието да така силно опозициски ја критикуваме аргументирано власта за лошите политики коишто ги води. Ние не се бориме како тие луѓе за своите лични интереси. Ние се бориме за интересите на граѓаните и на државата“, рече Филипче.

Филипче додаде дека СДСМ не е партија во која секој може да дојде и да си земе што сака, туку сериозна државотворна партија со политики насочени кон граѓаните и државата.

„СДСМ не е пазар во којшто секој може да дојде и да си земе што сака. Ова е сериозна
државотворна партија којашто и сега, како и секогаш, имала државотворни политики во интерес на граѓаните за доброто на државата со демократски избрани институции“, рече претседателот на СДСМ.

Линк до видео: