Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конферецнија, нагласи дека Кривичниот законик, дивеењето на Груби, Францускиот предлог, беа грешки на таа мала група поранешни партиски функционери кои вчера седеа на иста маса со престваници од други партии, меѓу кои и Левица. Филипче посочи дека токму тие луѓе беа дел од тимот кој учествуваше во работата на партијата до 2024 година и дека нивните постапки и одлуки придонесоа за намалување на рејтингот на СДСМ.
„Таму на масата вчера седеа неколку луѓе и сите беа дел од тимот којшто учествуваше во работата до 2024 година. Игор Ивановски ја правеше програмата. Андреј Петров беше член на Извршниот одбор на партијата. Славјанка Петровска држеше една од највисоките министерски функции за одбрана. Неколку работи од разговорите со луѓето покажуваат дека се случија работи што го намали, намалија рејтингот на партијата во овие изборите 2024 година“, рече Филипче.
Притоа Филипче потсети на конкретни примери за постапки кои влијаеа врз рејтингот на СДСМ, а во периодот кога токму овие поранешни партиски функционери кои вчера седеа на иста маса учествуваа во креирањето на политиките.
„Дивеењето на Артан Груби – што кажаа овие другари тогаш? Направија нешто да го спречат, за да не ни го оштети рејтингот, тој однос заклучно со 2024 година. Францускиот предлог тука го презентирал на состанокот на Извршниот одбор Бујар Османи, и Андреј Петров сега вика па зошто Венко збори за Францускиот предлог? Па што кажа тој кога го презентираше Бујар Османи? Се побуни? Имаше став? Тогаш беше добар или тогаш беше лош? Или каков беше тогаш Францускиот предлог?“, рече Филипче.
Филипче се осврна и на измените на Кривичниот законик, за кои посочи дека се уште една одлука за која истите тие партиски функционери треба да дадат одговор.
„Јас тогаш ниту се занимавав со политика, ниту бев дел од раководството. Што кажаа тогаш тројцата кога се смени Кривичниот закон во Собранието? Еден од најтрагичните чинови во нашата историја. Амнестија за криминалци. Што кажаа тие? Тука седеа во највисоките партиски ешалони. Па реформата е што нив ги нема, затоа што они ќе ја закопаа за малку партијата .Јас ја презедов партијата во најтешката состојба било кога во нас во историјата и секојдневно работиме со сите“, рече Филипче.
Претседателот порача дека пред граѓаните ќе понуди нови политики и план за идното управување со државата.
„Не е лесна борбата, не е лесна комуникацијата со луѓето. Мораме да им кажеме дека сме научиле лекции, дека имаме добри политики, дека сме конзистентни, дека имаме нови политики и навистина имаме.Ние се бориме за интересите на граѓаните и на државата. Затоа што СДСМ не е пазар во којшто секој може да дојде и да си земе што сака. Ова е сериозна државотворна партија којашто и сега, како и секогаш, имала државотворни политики во интерес на граѓаните за доброто на државата со демократски избрани институции“, рече Филипче.
Линк до видео:



