Филипче: Една милијарда евра фалат во Буџетот, следи ново задолжување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека во Буџетот фалат една милијарда евра, а дупката во Буџетот, нема да се покрие со подобро управување или зголемена економска активност, туку со нови задолжувања, од кои граѓаните нема да имаат никаква корист.

„Од каде ќе дојдат, од нови задолжувања. Нема друг извор на пари за оваа криминална власт, кој што и покрај тоа, повторно ќе ги искористат за своите партиски криминални тендери. Повторно и покрај новото задолжување, кое што ќе достигне 12 милијарди евра сега, граѓаните нема да видат никаков бенефит, ниту некаква мерка за нив“, рече Филипче.

Филипче потсети дека СДСМ преудпредуваше на лошата состојба на Буџетот, но наместо корекција на економските политики, власта продолжува со неодговорните финансиски политики и нови скапи задолжувања.

„Нема добра наплата, нема раст, искористеност на капиталните инвестиции, предупредувавме на ова кога се носеше Буџетот и сега што останува, нови задолжувања. Зошто? Поради тоа што лошо се менаџира економијата. Милијарда евра фалат во Буџетот. Не е за тоа виновна кризата. Да, има свој придонес, меѓутоа не до тој степен да треба нов ребаланс на Буџетот. Лошо водење на економијата и на финансите доведува до тоа да фалат милијарда евра во буџетот“, рече Филипче.

Тој додаде дека објаснувањата на Мицкоски зошто се прави ребаланост не се реални.

„Вкупниот прилив по основ на ДДВ и акцизи на горива лани кога немало криза, значи во 2025 година, околу 417 до 500 милиони евра. Што значи дека три месеци требале да не се наплаќаат ДДВ акцизи за да не достатуваат околу 130 милиони евра, како што кажува примерот. Што значи, тоа не е вистина. Дополнително, ако и покрај намалувањето одредено изминатите месеци на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата е зголемена за повеќе од 50%, тоа значи дека и со намалено ДДВ и акциза на поголема влезна цена на горивата, ако не повеќе најмалку исто ќе бил приливот по основна акциза и ДДВ од поскапи горива. Уште една лага на Христијан Мицкоски. Што е вистината? Не е добро испланиран буџетот“, рече Филипче.

Линк до видео: