Филипче: Падна Вучиќ, следен е Мицкоски – се распаѓа балканската мафија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција порача дека случувањата во Србија се почеток на распадот на балканските криминални политички структури.

Филипче посочи дека СДСМ речиси една година укажува на поврзаноста и влијанието на Српската напредна странка врз ВМРО и влијанието на „српскиот свет“ во Македонија.

„Се распаѓа Балканскиот картел. Се распаѓа балканската мафија. Тргна од Орбан, Вучиќ падна, следен е Христијан Мицкоски. Ова што се случува во Србија е нешто на што ние укажуваме веќе скоро една година наназад. Ова што се случува во Србија и како влијание тука кај нас во Македонија, е нешто на што укажуваат и европските институции и претседателката на Комисијата фон дер Лајен дека тука има влијание на српскиот свет“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека „српски свет“ не претставува поврзаност со српскиот народ, туку, станува збор за влијание на политички и криминални структури од Србија врз македонската власт, преку директни врски со ВМРО и Мицкоски.

„И кога ќе прашате што е српскиот свет, српскиот свет не е братскиот српски народ. Српскиот свет е оваа мафија којашто сега граѓаните и институциите во Србија ја демонтираат, а кај нас се пренесе како директно влијание од СНС на ВМРО и на Христијан Мицкоски. Со човек како Стоилковиќ во Владата, човек кој што ги промовира проектите со кинески пари кај нас, а за што премиерот не реагира“, рече Филипче.

Тој посочи дека Мицкоски молчи и за изјавите со кои се доведува во прашање македонскиот суверенитет, како и за присуството и работењето на српски медиуми во Македонија, за кои СДСМ со месеци предупредува дека имаат незаконски правен статус.

„Човекот кој што кажува и поддржува луѓе кои што кажуваат дека ова е српска земја. Внимавајте на што исто така премиерот Христијан Мицкоски не реагира. Понатаму, влијанието и влезот на медиумите како Арена, Евроњуз. Медиуми кои што имаат нелегални дозволи кај нас затоа што тука продуцираат програма, а се регистрирани како странски, додека во Србија не се никако регистрирани, на што исто така укажувавме“, рече Филипче.

Филипче ги отвори и прашањата за шверцот на дрога и лицата за кои постојат сомневања дека се поврзани со криминални структури во Србија, како и на поврзаноста на премиерот со конзулот Адамовиќ и влезот на Алта банка.

„Понатаму, патот на дрогата, шверцот на марихуана, за што допрва ќе се размотка клопчето во Србија, па ќе се дознаат сите работи. Поврзаноста на премиерот со новоназначениот од пред неколку месеци конзул Адамовиќ, за кој што во Собрание премиерот не одговори од каде го познава, а многу добро го познава. Човек поврзан со мафијата во Србија.И сега тоа на што укажуваме изминатите месеци Ата банка, којашто и според извори на медиуми и наши политички комуникации во Србија беше банка поврзана со криминално стекнати пари од криминал, од корупција, украдени пари од граѓаните, пари кои што потекнуваат од трансфер и шверц на дрога“, рече Филипче.

Тој порача дека СДСМ ќе продолжи да ја разобличува власта побара одговорност , нагласувајќи дека борбата ќе ја продолжи без отстапки.

„Никој нема ниту мене, ниту СДСМ да не обесхрабри, ниту да не исплаши во оваа бескомпромисна и неселективна борба да ја вратиме власта во рацете на граѓаните, а потоа на прво место ќе биде расчистувањето со криминалот и корупцијата“, рече Филипче.

Линк до видео: