Филипче: Исплашени се, затоа Трајчевски реагираше на денешната прес конференција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека писмото испратено до медиумите од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со кое медиумите се известени дека денеска е изборен молк и обид да се забрани денешната негова прес – конференција да се емитува на медиуми, е уште еден доказ дека е се е под команда на Мицкоски и дека власта е исплашена.

Филипче го повика директорот на на АВМУ, Зоран Трајчевски, да одговори зошто не реагираше на ист начин еден ден пред изборите кога беше првиот круг во Брвеница, кога исто така СДСМ имаше прес-конференции. Тој посочи дека го почитува изборниот молк и одлуката на медиумите да не присуствуваат, но побара Трајчевски да го објасни различниот пристап на АВМУ во двата случаи.

„Стигна некое писмо до медиумите од АВМУ, од претседателот Зоран Трајчевски, со што укажуваат дека денеска е изборен молк и медиумите да не присуствуваат на оваа конференција. Јас разбирам дека тие имаат причина зошто не се присутни. Тоа го почитувам, но го поставувам прашањето зошто Зоран Трајчевски не реагираше еден ден пред изборите во првиот круг во Брвеница? И тогаш имавме прес-конференција. Зошто денес? Затоа што се исплашени и затоа што е под директна команда на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Филипче дополнително го повика Трајчевски да одговори на прашањето дали имал престој во Србија, прашање за кое досега немаше одговор.

„Зоран Трајчевски, кој што не одговори на прашањето дали има престој во Србија, да одговори и на ова прашање“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека ниту ваквите постапки, ниту обидите за ограничување на присуството на медиумите нема да ја запрат политичката борба на СДСМ и отворањето на прашањата за криминалот и корупцијата на власта на ВМРО.

„Никој нема ниту мене, ниту СДСМ да не обесхрабри, ниту да не исплаши во оваа бескомпромисна и неселективна борба да ја вратиме власта во рацете на граѓаните, а потоа на прво место ќе биде расчистувањето со криминалот и корупцијата, рече Филипче.

Линк до видео: