Соопштение за јавност
Алта банка од сигурна банка за два дена остана без дозвола за работа – Банка за перење пари стекнати со криминал.
Народната банка на Србија на 30 октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка а.д. Белград.
Одлуката е донесена поради значајно влошување на финансиската состојба и ликвидноста. Агенцијата за осигурување на депозити ќе биде именувана за стечаен управител.
Само ден претходно истата институција тврдеше дека состојбата е редовна.
Според податоците на Народната банка на Србија, на 30 јуни 2026 година граѓаните, стопанството и другите клиенти во банката имале депонирано 172 милијарди динари, односно околу 1,47 милијарди евра.
Повлекувањето на пари започнало уште во вторник. За еден ден блокадата достигна милијарда динари.
Сопственикот Давор Мацура, според објавените информации, подигнал 37 милиони евра во кеш од трезорот со дозвола на гувернерот. Фалат околу 20 отсто од депозитите. Ноќеска во 2 часот дошло до судир на гувернерот и сите вицегувернери кои го напуштиле состанокот. Во банката влегол ЕУРОЏАСТ.
Во Србија јавни претпријатија како ЕПС, Телеком Србија, Србијагас, Ер Србија и многу други, пари на општини и државни институции биле префрлани во Алта банка по налог на Вучиќ.
Истиот модел Мицкоски го наметна во Македонија. Јавни претпријатија, министерства и компании што учествуваа во криминални тендери имаат налог да работат со Алта.
Битола како град е во голема мера врзан за банката. Граѓаните уште вчера чекаа во редови. Банката го скрати работното време поради гужви за подигање пари и затворање сметки.
Алта банка АД Битола е во речиси целосно сопственост на српската централа. Последиците од затворањето на матичната банка ќе се одразат на банката во Македонија.
Депозитите на физичките лица се осигурени до 30.000 евра. Депозитите на јавните претпријатија, на министерствата и на фирмите поврзани со тендери не се заштитени на ист начин.
Мицкоски и гувернерот Славески лично одговараат пред граѓаните. Тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија. Тие го одобрија влезот и покрај јавните предупредувања за контроверзната природа на групацијата и за политичките врски.
Вчера Славески изјави дека е нормално банката да префрла енормни количини пари. Денес се гледа дека не е.
Бараме од Народната банка на Република Северна Македонија уште денес да упати контрола во Алта банка АД Битола, да ги суспендира гласачките права на сопственикот и да преземе сите законски мерки за заштита на депозитите на државата и на јавните претпријатија.
Бараме од обвинителството уште денес да отвори постапка против Мицкоски, против гувернерот Славески и против сите што учествуваа во процесите околу банката.
Ова не е технички проблем туку систем за перење пари стекнати со криминал и корупција.
Пандорината кутија е отворена. Домино ефектот продолжува. Падна Орбан. Паѓа Вучиќ. Сега е на ред Мицкоски, и ВМРО-ОКГ.



