Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека премиерот Мицкоски сега бара алиби за избори за да избега од одговорноста за кризите и проблемите што ги создаде неговата власт. Филипче посочи дека Македонија досега немала поголема политичка криза од периодот на владеењето на Мицкоски, а граѓаните сè повеќе гледаат дека ветувањата не се исполнети и дека наместо решенија добиваат нови проблеми.
„Прво, од 1991 година до сега немало поголема политичка криза од периодот на владеење на Христијан Мицкоски. И ние тоа и во име на партијата и јас лично го говорам од средината на 2024 година, кога укажуваме на тоа дека станува збор за една криминална банда која што е заинтересирана само за себе, која што ги загрозува финансиската стабилност на земјата, европскиот пат, стандардот на граѓаните во име на некаков лажен патриотизам како што сакаат да се претстават. Зошто? За да можат да крадат пари. Еве сега се докажува сè повеќе и повеќе. Нема поголема криза, ниту имала Македонија од средината на 2024 година до денес, откако е на власт Христијан Мицкоски и неговата банда да знаат дека ќе одговараат“, рече Филипче.
Тој нагласи дека СДСМ нема да прифати обид за префрлање на фокусот од реалните проблеми и избегнување на одговорноста преку барање нови избори.
„Тие сметам дека си бараат алиби. Ние алиби нема да им дадеме. Кога сакаат на избори нека одат. Имаат многу прашања да одговорат. Треба многу работи да остварат. Ништо не остварија. Сега граѓаните се сè повеќе свесни дека сè што кажаа се излажаа, се излажаа на сметка, за жал, некои луѓе директно им е загрозена животната заштеда“, рече Филипче.
Филипче порача дека Мицкоски не може да избега од одговорноста за состојбите во државата, вклучително и за последиците од случајот со Алта банка и загрозувањето на финансиската сигурност на граѓаните.
Линк до видеото :

