Соопштение за јавност
Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на денешната прес-конференција.
Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката.
„Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?“, рече Димитријевиќ.
Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред.
“Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек“, рече Димитријевиќ.
Линк до видео:



