Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци.
„Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек. Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ.
Димитријевиќ посочи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола и го отвори прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски.
„Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа? Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.Обвинителството мора да реагира веднаш“, рече Димитријевиќ.
Линк до видео:



