Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филиппче, на денешната прес-конференција укажа дека Мицкоски ја стави Македонија во балканскиот картел на неговиот политички ментор Александар Вучиќ, преку влезот на Алта банка во земјава. Банка поврзана со сомнителен капитал, пари од корупција и шверц на дрога, за која има истраги во регионот, стана дел од македонскиот банкарски систем со знаење и поддршка од Мицкоски и неговата Влада.
Филипче посочи Мицкоски има обврска да одговори на многу прашања поврзани со продажбата на Алта банка.
„Разговарал ли со Давор Мацура, човекот кој што од менувачница направи банка со црни пари, криминални пари, пари од корупција, од шверц на дрога и не ја нашата земја во балканскиот картел на Александар Вучиќ. Ете тоа го направи Христијан Мицкоски. Како што го урна реномето на земјата во однос на евроинтегративните процеси, така го урна реномето на земјата и во однос на сè што се случува во рамките на овој балкански криминален октопод кој што е воден, беше воден од Александар Вучиќ, а Александар Вучиќ му е и му беше ментор на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.
Филипче потсети дека Европската централна банка има истрага за Алта банка, Црна Гора го забрани влезот на оваа банка, а само Мицкоски дозволи нејзин влез во Македонија, додавајќи дека наместо да ги следи европските стандарди и да го штити финансискиот систем, премиерот овозможува сомнителни финансиски трансакции и внесување капитал со сомнително потекло, со што директно ја загрозува стабилноста на банкарскиот сектор и интересите на граѓаните.
„Банка за која што има истрага од Европската централна банка, за која што во Црна Гора имало истрага забраниле Црногорците да влезе кај нив. Тоа е меѓу другото вредноста на приближувањето кон Европа, европскиот пат и европските вредности. Не може да влегуваат во Европа вакви криминални банки со сомнителен капитал и тоа е една од причините зошто премиерот Христијан Мицкоски не го продолжува европскиот пат кај нас за да може вакви трансакции сомнителни да се прават и да се загрозува целокупниот банкарски и финансиски сектор и систем“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, порача дека не е опозицијата таа што сака црно сценарио како што обвинува премиерот, најцрното сценарио за државата е токму Мицкоски.
„Го слушам Христијан вели ние сме сакале опозицијата сака црно сценарио. Не бе Христијан, најцрното сценарио е откога си ти на власт во државава. Вакво црно сценарио од 1991 година до сега немало. Од 2024 година поцрно сценарио не може да биде. Еве што сакаш ти, криминални банки со коруптивен капитал, со шверц од дрога пари тука ни донесе кај нас, да не можат луѓето да си стигнат до сопствените пари, па си притискал јавни претпријатија да ги продаваат акциите таму“, рече Филипче.
Линк до видео:

