Форум на жени СДСМ: Ничие „синче“, ниту врските со ВМРО не смеат да бидат над законот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ничие „синче“, ниту семејните и политичките врски со ВМРО не смеат да бидат над законот, порачаа од Форумот на жени на СДСМ по бруталниот напад врз младата Сара во Охрид, која беше безмилосно претепана, фрлена на улица и оставена да умре, а сторителот е син на високи вмровски функционери.

„Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери. За среќа, девојката преживеала. Потресно е сведоштвото на мајката на Сара, која се наоѓа во болница. Изразуваме целосна поддршка и солидарност со Сара и целото нејзино семејство. Таа заслужува заштита, мир и услови за закрепнување. Не страв дека повторно ќе биде нападната“,“, потенцираше Кети Штерјова.

Штерјова посочи дека особено загрижува сведоштвото на мајката на Сара, за постапувањето со осомничениот и безбедноста на нејзината ќерка.

„Според јавното сведоштво на мајката, осомничениот бил пуштен на слобода, додека нејзината ќерка стравува за сопствената безбедност. Имало обиди за прикривање на случајот и влијание врз медицинската документација, само затоа што насилникот е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски“, рече Штерјова

Штерјова потенцираше дека и овој случај е последица на неказнивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО.

„Ова е последица на заштитата којашто Панче Тошковски им ја овозможува на криминалците на власт, неказнивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО. Случајот со Сара не е изолиран од поширокиот контекст на насилство и отсуство на одговорност. Телохранител на Мицкоски кој ја тепаше сопругата па беше ослободен, во Богданци млада девојка беше жива запалена. Неказнивоста ги охрабрува насилниците. Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник. Како жени, нема да молчиме туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме жените во Македонија да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи само затоа што се блиски до ВМРО “,потенцираше Штерјова.

Линк до видео: