Прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Грижата за децата е грижа за нашата иднина, иднината на сегашните и идни генерации.
Затоа секој влог во младината е влог за подобро утре, влог за младина со визија
Изминатиот период СДСМ со Владата која ја предводи инвестираше во 44 градинки и објекти за ран детски развој и создаде услови за квалитетно сместување на 3.000 предучилишни деца.
Дополнителни 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки кои ќе значат нови 7.500 места за згрижување на деца во градинки.
За само две години се изградија и реновираа повеќе од 70 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите, но и во руралните средини.
Градинки се градеа и во градските населби кои поради зголемениот број на жители имаа вистинска потреба од нив. Тоа се : новата градинка во Општина Карпош, поточно Бардовци, населба Тафталиџе,потоа Општина Аеродром, Сопиште ,Чаир, но и нови објекти во речиси сите градови каде имаше потреба.
Па така нови објекти добија и Куманово, Кичево, Велес, Неготино, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Конче, вклучително и градинки во руралните средини кои спаѓаат под некои од споменатите општини. Нови градинки добија и с.Џепчиште-Тетовско, с.Караслари-Велешко,с.Чегране-Гостиварско.
Почитувани,
Вложуваме, градиме, се грижиме. Дури и во време на оваа криза со глобалната пандемија на КОВИД-19 инвестициите во инфраструктурата продолжуваат.
Нема да запреме тука, вложувањето во градинки, центри за детски развој, мали групни домови, училишта ќе продолжи и понатаму.
Затоа што секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита.
ЗНАЕМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ!
УШТЕ ПОВЕЌЕ, УШТЕ ПОДОБРО!
Благодарам!