fbpx

Пресудата за „Рекет” потврдува дека правда и одговорност има за секој, очекувам правна разрешница и за случаите на СЈО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ 

 

Медиуми: Господине Николовски предмалку или можеби уште е во тек пресудата за случајот „Рекет“ каде што Катица Јанева и Бојан Јовановски добија седум и девет години, меѓутоа онака како што пренесуваат порталите кои што се присутни таму на судењето велат била интересна изјавата на Бојан Јовановски, којшто посочил дека парите од рекетот требало да се бараат кај лидерот на вашата политичка партија и неговиот брат. Па чисто коментар околу оваа работа.

Па тоа ја потврдува впрегнатоста на ВМРО-ДПМНЕ за која што слушнавме со кого Мицковски седел, разговарал во претходните месеци и години и поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со целокупниот случај. Да не мисли дека некој ќе го спаси од одговорност. Добро е што дојде време и сме среќни денеска што имаме пресуди за вакви крупни случаеви кои што се отворија во државата. Тоа потврдува дека правда и одговорност ќе има за секој во државата, за било кој коишто ќе се огреши. Очекувам сега натаму лично целосна разрешница на сите случаи, над триесет во коишто е вклучено и целото актуелно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на многу структури. Да расчистиме еднаш со правдата со остатоците од режимот, да има одговорност и за „Талир“ и за „Империја“ и за било кој случај за коишто се збори во јавноста имаше постапки. Законот за Јавно обвинителство коишто стапува на сила тоа силно го овозможува. Заради тој закон добивме денеска и силна потврда и поддржа од Европската Унија. Заради тие процеси во државата доаѓаат одлични години, доаѓа еден убав период во коишто ќе ги трансформираме институциите и ќе одиме напред, а и ќе преговараме со Европската Унија. Тоа беше сон на многу генерации и сум среќен како генерација на млади политичари што денеска сме дел од таа генерација од тоа време во коешто направивме крупни чекори и во коешто има одговорност и правда за секој. Тоа го потврдуваат денешните пресуди коишто ги слушнавме.

Последни вести