fbpx

Не успеаја обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ја вратат државата назад во изолација и закочат напредокот, никогаш нема ни да успеат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

 

 

 

Почитувана јавност

Пред точно две години се затвори едно големо и клучно прашање за нашата држава.

Храброста, визијата и државничките политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доведоа до историско решение за отворање на иднината на нашата татковина но пред се на нашите сограѓани.

Денеска сме горда, 30 членка на НАТО, македонското знаме гордо се вее пред седиштето на Алијансата заедно со најсилните демократски држави во светот.

Договорот нѐ донесе и чекор поблиску до ЕУ. Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство на Република Северна Македонија.

И додека Зоран Заев, СДСМ и Владата која ја предводи се поставија државнички и одговорно пред интересите на граѓаните, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го спречат напредокот и интегративниот процес.

Само на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им сметаше што државата конечно тргна напред и стави крај на темното минато, на режимот и изолацијата.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ почитувани граѓани го критикуваа Договорот од Преспа и не го признаваа новото уставното име.

Но, за волја на вистината истото тоа име, не им сметаше кога нивни пратеници добиваа плати од Собрание на Република Северна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се закануваа дека ќе го поништат Договорот и со тоа директно ќе го загрозат членството во НАТО и процесот за зачленувањето во ЕУ.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се покажа и на дело. Додека пред граѓаните велеа и тврдеа дека Договорот со Бугарија бил капитулантски, Мицкоски пред премиерот Борисов јавно кажа дека го поддржува, односно се изрази на бугарски дека дава „поткрепа“. Класично однесување на лицемерниот Христијан Мицкоски.

Со силна поддршка од граѓаните на исправните политики на СДСМ, деструктивните обиди за блокирање и кочење на напредокот од страна на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја. Нема да им успеат ниту обидите за враќање на државата назад во времињата на режим и изолации.

СДСМ била отсекогаш и останува на страната на напредокот, додека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на спротивната страна. На страната на режимот, на страната на криминалот, на страната на манипулациите.

Токму затоа, почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули ќе биде убедливо поразен.

 

Последни вести