Соопштение за јавност
Ова е време кога сме соочени со уште една битка којашто од секој поединец бара одговорно однесување, дисциплина и строго почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Секој од нас мора доследно да ги почитува задолженијата и забраните. Таму кадешто мерките се почитуваат, вирусот е поразен.
Овој удар на епидемијата ќе го победиме сите заедно, единствено доколку се држиме до мерките и никако поинаку.
Секој еден грѓанин може да придонесе за запирање на ширењето на коронавирусот.
Секој еден е важен и сечие однесување прави промена.
Здравствените власти кои повеќе од четири месеци вложуваат натчовечки напори да го спасат сечиј живот и да им го вратат доброто здравје на пациентите, немаат други механизми доколку ние не им помагаме со одговорно однесување.
Најсилното оружје за борба против вирусот е нашата свест и одговорност.
СДСМ докажа дека знае и умее да делува во интерес на граѓаните. СДСМ ги откажува митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани и преку поинакви активности ќе ја испрати својата порака, но и ќе го заштити здравјето на своите активисти, членови и на сите граѓани.