Соопштение за јавност
Колку долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од нашата дисциплина во почитувањето на мерките за заштита на личното и на јавното здравје.
Ова е моментот кога сите треба да дадеме максимум за да се воспостави контрола врз вирусот.
Затоа мора да ги почитуваме мерките за заштита, мора да носиме маска или друга заштитна опрема со која ќе ги заштитите носот и устата, мора често да ги миеме рацете и да не ги допираме очите, лицето и носот.
Мора да држиме дистанца од луѓето околу нас и да не се групираме, мора редовно да вршиме дезинфекција дома и на работните места.
Мораме сите да ги почитуваме овие мерки, но и да им укажеме на нашите роднини, пријатели, колеги дека и тие треба да го прават истото.
Само на овој начин ќе го заштитиме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски.
Во периодот којшто ни следува вака ќе пазариме, вака ќе одиме на работа, ќе посетуваме кафулиња, вака ќе функционираме.
Сите заедно можеме и ќе успееме побрзо да се избориме со невидливиот, но опасен непријател!