Прес-конференција, Сашко Николов, кандидат за пратеник на СДСМ од ИЕ 3
Почитувани сограѓани,
Поминавме тешки 2.5 месеци, период на пандемија, каде моравме да почитуваме вонредна состојба, да почитуваме полициски час,да почитуваме продолжени викенди во карантин и да носиме нови мерки за резоцијализација.
До овој период светската здравствена организација , предложи нови стандарди и протоколи за тоа како да се заштитиме самите ние и нашите најблиски од зараза од корона вирусот, меѓутоа и како да го нормализираме нашиот социо-еконсомки општествен живот.
Сега не е време да се обвинуваме, да го бараме виновникот за тоа зошто не се спроведени и не се испочитувани мерките за превенција од корона вирусот.
Самите одлуки коишто ги донесе владата на вчерашната седница гласат:
2. За останатите општини ќе важи делумен полициски час којжто ќе биде денеска (четврток) 04 јуни, че започне од 21.00 часот и ќе трае до 05.00 часот на 05 јуни а за петок , сабота и недела во овие општини ќе важи полициски час кој ќе започне од 16.00 часот до 05,00 часот до (понеделник) 08 јуни. Донесена е одлука за забрана на посета на гробишта освен во случај на погреб и донесена е одлука дека петок 05 јуни ќе биде прогласен за неработен ден.
Ние сме горди и силни македонски граѓани кои со векови наназад сме успевале да победиме , сме успевале да ги пребродиме сите кризи и препреки и сме успевале да се адаптираме на секоја нова реалност.
1. Социјална дистанца 1.5-2 метри
2. Носење на заштитни маски во затворен простор, меѓута носење на маски и на отворен простор кога неможеме да ја одржиме таа соцјална дистанца
3. Задолжителна дезинфекција на раце и на работните површини со кои стапуваме секојдневно во контакт.
Почитувани сограѓани ,
Сега е период кога ние мораме да бидеме сплотени, мораме да бидеме мудри и пред се да бидеме трпеливи. Вирусот Ковид 19 е присутен сега меѓунас и овој вирус ќе биде присутен и во наредниот период .