Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Ниту една лажна вест и измислица од белиот дворец нема да го смени фактот дека Христијан Мицкоски беше жив фатен како ги прекршува прописите во време на пандемија додека со часови седел во затворен дел од ресторан кој не смеел да работи.
Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска уште на 1 јуни јавно изјави дека согласно направената епидемиолошка анкета оценето е дека нема потреба да оди во самоизолација, со препорака и понатаму да носи лична заштитна опрема и да ги почитува мерките за заштита.
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни обвинувања да го одбраната незрелото и срамно однесување на нивниот шеф Мицкоски.
Ваквите обиди нема да го сокријат фактот дека јавноста се уште чека одговор на јавно поставените прашања:
Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зекиров, поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек?
Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање? Што разговарале и од што се криеле среде Скопје?
Целата јавноста гледа како во време на сериозна здравствена закана Мицкоски вежбаше во теретани, групно се качуваше на Водно,а на крај лумпувал во кафеани во дел кој не смее да работи. За сето време ВМРО-ДПМНЕ глумат загриженост за јавното здравје додека нивниот шеф свесно ги прекршува мерките и задолженијата.
Тоа е врв на лицемерието во ВМРО-ДПМНЕ кое повторно ќе биде казнето од граѓаните.