fbpx

Заев со честитка за Успение на Пресвета Богородица: Денеска ги празнуваме почитувањето и меѓусебното помагање, вредности кои водат напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на РСМ – Зоран Заев

 

Почитувани,

На сите христијани им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на почитувањето, на разбирањето и сакањето на блиските, на човекот.

Нека денеска, но и сите денови, ги слевиме овие човечки универзални вредности, затоа што делејќи разбирање, помагање, почит, љубов, кон луѓето, кон блиските, навистина нашиот живот го прави вреден за живеење.

Овој голем празник го славиме сите христијани, затоа што е симбол на нашата вера. Успението на Пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници.

Нека е честит и вековит големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Последни вести