fbpx

Заев од Македонска Каменица: Почнува реконструкција на клучниот пат кој го спојува градот со најголемиот економски двигател – Рудник Саса.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Северна Македонија – Зоран Заев, денес имаше повеќе теренски активности во Македонска Каменица.

Меѓудругото Заев присуствуваше на отпочнувањето на целосна реконструкција на R1210 од Македонска Каменица кон рудникот Саса во должина од 10 километри.

Проектот е вреден 2,27 милиони евра кои се обезбедени преку ЕБДР. Минатата година е завршена комплетната проектна документација а од денес се пристапува кон комплетно санирање на патот кој не е реконструиран повеќе од 40 години. Дополнително ќе се работи и на изградба на придружни елементи (банкини, одводни канали и слично).

Ова е еден од капиталните проекти во источна Македонија, кои заедно со реконструкцијата на делот Крупиште, Узем-рудник Тораница и овој пат ја комплетираат главната патна инфраструктура во овој регион.

Последни вести