fbpx

Инвестираме во развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Милисав Јовановски, советник во Советот на општина Чаир

Почитувани граѓани,
СДСМ како одговорна партија на локално и на централно ниво, постојано во континуитет работи на реконструкција и санација, како и на изградба на нова, модерна инфраструктура.

На територијата на општина Чаир, во моментов се работи на реконструкција на улицата Џон Кенеди, екипи на Град Скопје интензивно си ја вршат својата работа, вршат реконструкција на оваа значајна сообраќајница како за територијата на општина Чаир така и за градот Скопје, на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Работите се одвиваат со полн интензитет на отстранување на рабниците  кои се веќе оштетени, ќе се прави нивелација на постојните шахти и сливници, на должина од некаде  1.200 метри.

Како финална работа ќе бидат направени велосипедски патеки во редот на веќе постојните на улиците Ќемал Сејфула и Втора македонска бригада и булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина. Ова ќе биде 5-та таква сообраќајница на која граѓаните ќе можат да користат велосипедска патека за побезбедно движење со своите велосипеди.

Град Скопје предводен од СДСМ, односно градските власти предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и понатаму ќе бидат целосно фокусирани за унапредување и подобро овозможување на користење на нова и модерна инфраструктурата на територијата на општина Чаир. Тоа ќе се реализира со нови проекти кои ќе бидат од интерес за сите граѓани.

СДСМ и понатаму плански инвестира во иднината на граѓаните на град Скопје и во целост во државата.

 

 

Последни вести