fbpx

Димитров: Наша обврска е да одиме на избори веднаш штом се создадат услови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

 

 

 

Димитров: Наша обврска е да одиме на избори веднаш штом се создадат услови, за пристапните преговори со ЕУ потребни ни се институции со полн легитимитет 


За да можеме успешно да се справуваме со сите предизвици што не очекуваат, токму во функција на животот и на здравјето на граѓаните, е да имаме целосно функционални и легитимни институции. Затоа нашиот став е дека веднаш штом за тоа се исполнат законските и здравствените услови треба да ги одржиме одложените предвремени парламентарни избори, оцени Никола Димитров, носител на листата за Изборна единица 1 на коалицијата предводена од СДСМ, по денешната координативна средба со кандидатите за пратеници.

Тој нагласи дека ова е важно за да се зголеми капацитетот на државата и легитимноста на Владата, како и за да имаме функционално Собрание, кое ќе даде соодветен придонес во процесот на справување со последиците од оваа криза.

„Тоа е важно и за нашата демократија. Ние сме парламентарна демократија и нам ни треба Собранието. Тоа е важно и за политичкиот легитимитет на Владата да креира политики. И  да не заборавиме, дека нас не очекуваат пристапните преговори со Европската унија.  Прифаќањето на Преговарачката рамка,  којашто во првата половина на следниот месец ќе ја предложи Европската унија во Брисел, тој документ за нас ќе биде главната водилка во сите реформи во низа години во иднина. Важно е Владата да има политички мандат да го прифати тој документ и да го води тој важен процес. Затоа изборите во овој момент се решение, а не се проблем. Тие ќе бидат организирани во целост со препораките на Комисијата за заразни болести, со здравствените експерти и во однос на начинот како ќе се води кампањата, и во однос на самиот изборен ден“, изјави Димитров.

Тој информираше дека разговарал со директорката на Канцеларијата за демократски институции и за човекови права на ОБСЕ  и дека тие се подготвени да се вратат, повторно  да се распоредат и да ги набљудуваат изборите, согласно стандардите што ќе ги бара актуелната состојба со пандемијата.  

Димитров  нагласи дека нашата држава веќе со месеци е фокусирана и сите капацитети ги вложува во справување со пандемијата во интерес на животот и здравјето на граѓаните, како и за справување со економските последици од оваа голема криза.

„Имавме тежок период зад нас, живеевме во услови кога тоа што го сметавме за нормално е отежнато, мислам дека со оглед на големината на предизвикот треба да бидеме задоволни со тоа како се справуваме со кризата и ќе бидеме фокусирани тоа да го правиме и понатаму.  Во оваа прилика сакам да изразам почит на здравствените работници,  коишто го носат најголемиот дел од товарот и се во првите борбени линии од битката против вирусот.  Но, исто така сакам да изразам и едно големо благодарам до граѓаните, до огромното мнозинство граѓани кои ги почитуваат мерките, кои за жал им го сменија животот. Ова е исклучително важно да продолжиме да го правиме,  за да нема ново ширење на вирусот, за да нема нови пикови. Во услови кога и Светската здравствена организација и Комисијата за заразни болести предвидува  и најавува втор бран во втората половина на оваа година,  веќе и од месец септември,  наша задача, одговорност и обврска е да го искористиме веднаш, што, се  создадат за тоа здравствени услови да одиме на избори“, оцени Димитров.

Последни вести