Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.
Со изборот на членови на Извршниот комитет Мицкоски ја потврди режимската, криминална матрица на оваа партија, која се уште е раководена и уредувана од Никола Груевски.
Наместо демократизација извршителот Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ. Со единствена цел, што подолго да ја задржи својата партиска фотелја во белиот дворец.
Внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан.
Дополнително, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет.
Нема и не смее да има место за политика во Армијата.
Припадниците на Армијата се на сите граѓани, треба да ја штитат државата и граѓаните, и во демократски општества нивното место не е во партиите.
Како по примерот на некои земји од Латинска Америка, воени лица парадираат во белиот дворец на партиски позиции.
Освен во режими воод Латинска Америка и Африка, ваквите појави не постојат во ниту една западно-демократска партија.
Овој чин на милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ покажува колку е очаен Христијан Мицкоски, кој поразен од граѓаните стравува за својата партиска фотелја.
Со Мицкоски и Груевски ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна, антинародна и недемократска партија посветена само на одбрана на криминалот.
Затоа три пати по ред се казнувани од граѓаните на избори и затоа уште долго остануваат во опозиција.