fbpx

Со изградбата на новиот Градскиот булевар во Прилеп, се реконструира и водоводната мрежа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,
И покрај пандемијата со коронавирусот, локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ, со силна динамика ги спроведува проектите за подобрување на инфраструктурата во општина Прилеп.

Паралелно со реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од некогашната Градска кафеана до ЦК „Марко Цепенков“, се врши замена на старата водоводна бетонско-азбестна мрежа со нова и современа, полиетиленска, во вкупна должина од 280 метри.

Со овој проект, во вредност од 100.000 евра, за прв пат откако е изградена во далечната 1955 година, се реконструира водоводната мрежа во овој дел од центарот на Прилеп. Претходно, со првата фаза од реконструкцијата на Градскиот булевар, на потегот од улицата „Браќа Ламески”, до улицата „Марксова”, исто така, се изгради нова водоводна линија на која се поврзани станарите од околните
згради.

Изградбата на нова водоводната мрежа, пред завршувањето на реконструкцијата на булеварот, е најдобар доказ дека работиме по план и се водиме од долгорочните интереси на граѓаните. Новиот Градски булевар, со реконструирана подземна инфраструктура, со четири коловозни ленти, велосипедски патеки, тактилни траки за слепи лица, нови гранитни тротоари, централно осветлување и нова урбана опрема, ќе претставува вистинска гордост на градот и на граѓаните на Прилеп. Во периодот кој следува, со уште поголема посветеност продолжуваме со нови проекти во инфраструктурата.

Последни вести