Соопштение за јавност
Значителен и суштински напредок во борбата против корупцијата постигна Република Северна Македонија, што се должи на посветеноста, мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ и претставува чекор поблиску до Европската унија.
Ова е потврдено во најновиот извештај на ГРЕКО, тело на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди, и досегашната оценка за усогласеност на препораките од „генерално незадоволителна“, сега ја покачи на „задоволителна“.
Овој извештај покажува дека нашата земја оди по вистинскиот пат, односно дека повеќе не е во групата на земји кои не ги почитуваат правилата и практиката на ГРЕКО.
ГРЕКО во 2014 година даде 19 препораки за превенција во делот на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството и ја смести државата во групата генерално незадоволителни.
Поради исполнување на препораките, меѓу кои се истакнуваат неприсуството на министрите за правда на седниците на Судскиот совет, носењето на нов Закон за ЈО, нов Закон за судови, донесувањето на единствен етички кодекс на јавните обвинители, кодекс за судска етика, мерки за јакнење на независноста, департизираноста и интегритетот на судиите поротници, државата се искачи скалило погоре во борбата против корупцијата.
Со ова јасно се потврдува одлучната и фокусирана акција на Владата предводена од СДСМ во изминатиот период во насока на спречување на корупцијата, промоција на интегритетот кај централната власт и органите за спроведување на законот.
Напредокот претставува дополнителен стимул и поттик на заложбите на СДСМ за градење на стандарди и принципи за превенција и борба против корупцијата.
Продолжуваме посветено да работиме на спречување на криминалот и корупцијата во државата во сите области.