fbpx

Градиме по план, Прилеп добива нов Градски булевар со импозантен лик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Филип Попоски – Портпарол на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, докажа дека дури и во услови на пандемија со чесен и домаќински пристап може да продолжи реализацијата на сите инфраструктурни проекти.

Најдобра потврда за тоа е силната динамика со која се одвива реконструкцијата на градскиот булевар „Гоце Делчев“, капитален проект во вредност од 1 милион евра.

Завршувањето на првата фаза од реконструкцијата на главната сообраќајна артерија во градот, веќе донесе современ и европски лик на тој дел од градот.

Импозантни тротоари со нови гранитни плочки и тактилни траки за слепи лица, велосипедски патеки, четири коловозни ленти, ново централно осветлување, нова урбана опрема, е новата слика за градскиот булевар на потегот од кружниот тек „Карпалак“ до поранешната Градска кафеана.

Со забрзано темпо се одвиваат и градежните работи на втората делница од булеварот, односно делот до раскрсницата пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде во тек е и замената на старата водоводна мрежа со нова, полиетиленска.

Во рамки на проектот, се врши комплетна реконструкција и на улицата „Прилепски бранители“, до кружниот тек пред Поштата, каде веќе е поставен новиот слој на асфалт и нови гранитни плочки на тротоарите.

Почитувани,

Новиот, современ и безбеден градски булевар, ќе биде нова гордост на сегашните и идните генерации на Прилеп.

Градиме по план и постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите наши сограѓани.

Благодарам

Последни вести