fbpx

Економскиот совет на СДСМ утврди нов пакет економски мерки, Владата разговара, штом биде подготвена ќе ги објави

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност- одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Прашање: Најавувавте и трет пакет на економски мерки околу справувањето со економската криза, особено директна помош на граѓаните коишто се загрозени, споменувавте дури и 10 илјади денари којшто би биле давани. Ќе има ли ваква мерка?

Одговор: Јас некни најавив економски пакет, помина таа дебата на економскиот совет на Социјалдемократскиот сојуз на којшто учествиваа премиерот, министерот за финансии, претседателката на Владата за економски прашања, а и неколку директори на економски институции, Развојната банка, Управа за јавни приходи итн. каде што од прилика ги димензионираме одредени пакети, но сето тоа Владата го преговара.

Владата разговара прво со своите партнери , мислам и на коалициони но и на партнерите како синдикатите и коморите, разговара и со банките. Ние сме во преговори со банките и затоа и секоја мерка мора да биде усогласена заедно со банките од коишто бараме поволни и евтини кредити, затоа што не смееме да дозволиме да бидеме надвор од ваквиот преговарачки процес, затоа што со Светска банка имаме одлична соработка, со ММФ се разговара за следен договор за кредит, а исто така чекаме позитивни одлуки околу обезбедувањето на еврообврзницата во државата.
 Но Владата штом ќе биде подготвена , верувам дека ќе ги објави мерките. За мене се сеуште на ниво на шпекулации, еве како еден од најинформираните тоа што спомнавте 10 илјади денари па кои луѓе , какви луѓе.
 
Верувајте може да има еден амбиент точно кои,  но ММФ со своите стручни служби  или Светска банка да кажат извинете ама во светот покажало тоа и тоа резултат, треба да биде таму и таму тоа насочено. Затоа досега е само на ниво на дебата тоа, а на крајот Владата е конечно таа што ќе ги донесе одлуките и ќе ги соопшти.
 
Јас се сметам како претседател на најголемата политичка партија, чинител во извршната власт дека давам доволно придонес заедно со нашите органи и тела и сите наши коалициони партнери во димензионирањето на максимално добри мерки за рестарт или за заживување на економијата, односно да го искористиме периодот дека секоја криза може да биде и нова можност но и дополнително навремено да се димензионираат и почнат да се ефектираат следните пакети на мерки.

Последни вести