fbpx

Новите мерки се за заштита на јавното здравје, пратениците да ги изгласаат во најкус можен рок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Во време кога бројките на заразени од Ковид 19 е троцифрен, исклучително важно секој еден од нас доследно да ги почитува мерките за заштита.

Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен на тие коишто вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Владата ја прифати и препораката на Комисијата, државната и јавната администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

Овие мерки, како и претходниот пакет мерки којшто е во собраниска процедура, се донесени по зголемениот број на нови случаи на ковид-19.

По барање на опозицијата точката за Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во Собранието, беше одложена.

Време за одложување нема. Предлог-измените треба да се усвојат во најкус можен рок, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна.

Пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки со кои се штити здравјето на граѓаните.

Со овој предлог-закон треба да се направат измени по што на сила ќе стапат мерките за носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот, како и ограничувањето на семејните собири.

Почитувани,

Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Од вчера има сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје.

Секој еден од нас е важен во оваа битка. Да бидеме општествено одговорни. Да бидеме одговорни за своето здравје, да го штитиме здравјето на луѓето околу нас.

Да ги почитуваме мерките.

Само заедно, ќе успееме.

 

Последни вести