fbpx

Завршија активностите за уредување на местото Аргач

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција,Македонка Николовска, секретар на ОО СДСМ Штип

Почитувани граѓани,

Локалната власт предводена од СДСМ, докажа дека дури и во услови на пандемија со чесен и домаќински пристап може да продолжи реализацијата на сите инфраструктурни проекти.

Деновиве завршија активностите за целосно партерно уредување на познатото место “Аргач “, во централното градско подрачје, кое за штипјани важи за едно од култните места во градот. Токму ова место долги години беше запоставено од недомаќинското и неодговорно работење на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Се работи за 600 метри квадратни површина која е партерно уредена со поставување на нови клупи, корпи за отпадоци, бекатон, канделабри и декоративни садници. После долги години централното градско подрачје на град Штип добива целосно нов, модерен и урбан изглед.

Инвестицијата за уредувањето на просторот е на Општина Штип и на јавното комунално претпријатие „Исар“ и изнесува околу 1,8 милиони денари. На овој потег во градот Општина Штип изврши целосна санација на паркинг-просторот, инвестиција што чини 400.000 денари, со што вкупната вредност на инвестицијата во тој дел од градот е 2,2 милиони денари.

Со ова докажуваме дека парите на граѓаните се инвестираат според нивните барања и потреби. Продолжуваме да градиме со иста динамика, со забрзано темпо работиме според план да го направиме град Штип урбано и модерно место за живеење, какво што граѓаните заслужуваат.

Почитувани, во периодот што следи, водени од интересот на граѓаните, со уште поголема посветеност продолжуваме со нови проекти во инфраструктурата.

📢 Деновиве завршија активностите за партерно уредување на местото Аргач.👉 Инвестиција од 2,2 милиони денари👉 600 метри…

Posted by СДСМ Штип on Среда, 21 октомври 2020

 

Последни вести