Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани,
Кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан на браникот на криминалот Мицкоски три константи се потврдени:
Едната е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став за клучните прашања, немат предлог, идеја, немаат никаква понуда за граѓаните.
Затоа, освен смислено пласирање лажни вести и невистини, неразумно кочење, блокирање, поктопување на работата на институциите и државата не прават ништо друго.
Тоа е втората константа, потврдена и од меѓународни студии, хистеричниот Мицкоски е извор на лажни вести и невистини.
Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека во земјава ќе се населуваат мигранти.
Ширеа невистини за ковид пандемијата. Дека нема доволно тестови за тестирање, дека нема доволна опрема за здравствените работници, дека системот не може да издржи.
Додека здравствените работници жестоко се бореа со пандемијата Мицкоски и ДПМНЕ на секаков можен начин го кочеа здравствениот систем и изградбата на ковид болниците. Ширеа невистини преку Вело Марковски дека вирусот не е опасен и дека носењето маска е непотребно.
Последните невистини беа на директна штета на државните позиции.
Хистеричниот Мицкоски лажеше дека се распрачувала земјава, дека се распродавал македонскиот идентитет.
Сите овие лаги на Мицкоски се срушија, паднаа во вода. Ниту македонскиот идентитет е распродаден, ниту земјава е распрачена. Се што кажа Мицкоски излажа.
Освен немањето став, лагите, одбраната на криминалот на режимот е трета клучна карактеристика на Мицкоски.
Мицкоски го кочеше носењето на Законот за Јавно обвинителство. Во јавноста протекоа и аудио разговори каде Мицкоски признава дека е „единствениот што се бори“ против законот.
Пред два дена, во интервју за една национална телевизија, самиот Мицкоски признава дека стои, цитирам, „на браникот на криминалот“.
Граѓаните одамна му го завртеа грбот на Мицкоски и го испратија во опозиција.
Не успеа Мицкоски досега а нема да успее ниту понатаму. Нема одбрана на криминалот на режимот.
Граѓаните не заслужуваат ниту Мицкоски да ги лаже, ниту да брани криминал.
Затоа Мицкоски останува уште долго во опозиција.