Изјава за медиуми, Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар
Скопје изминатиот период доби 40 километри нови улици.
Реконстуирани се 15 сообраќајници низ градот и дополнителни 3 се веќе во изградба.
Ова значи подобро поврзани населби, полесно и побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот.
Паралелно со обновување на улиците, се воспоставува и велоспипедска инфраструктура во градот и се подигнуваат нови зелени површини.
На 5 сообраќајници се изведени нови велосипедски патеки, а дополнителни 5 добија нови тротоари со дрвореди и жардињери.
Чекор по чекор Скопје прераснува во една поинаква приказна, благодарение на инвестициите на оваа власт.
Град со квалитетни патишта, еколошки јавен превоз, со нови и одржувани зелени површини – град кој со гордост го оставаме на идните генерации.
https://youtu.be/l89HVuySY_I