fbpx

7.600 здравствени работници добиваат награда од 30.000 денари, продолжуваме со инвестиции во здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестиција во човечкиот капитал, продолжува да го вреднува трудот и напорите на здравствените работници.

7.600 вработени во здравствените установи кои со месеци им помагаат и работат со заболените од коронавирусот, ќе добијат еднократна награда во висина од 30.000 денари.

Во време кога целото општество се соочува со последици од коронавирусот, здравствените работници се тие кои деноноќно се на првата линија во борбата против невидливиот непријател.

Нивната посветеност, нивната макотрпна работа е за пофалба, но и за конкретна финансиска поддршка во овие сериозни времиња.

Но не застануваме тука. Продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал во здравството. Согласно Програмата, платите на здравствените работници ќе подолжат да растат по 10 отсто секоја година или вкупно 40 отсто до крајот на мандатот.

Оваа криза со ковид 19 покажа колку е важно да имаме мотивиран здравствен кадар, колку се важни инвестициите во јавното здравство, но и колку е важна грижата кон здравствените работници.

Почитувани,

Инвестициите во здравствениот сектор, инвестициите во човечкиот потенцијал се клучни за унпаредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во јавното здравство. Грижата за сите продолжува.

 

Последни вести