Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Денеска се наоѓаме на регионалниот пат Кумаово – Свети Николе каде за прв пат по неколку децении се реконструира мостот на реката Пчиња или познат како Искрин мост, којшто е еден од најдолгите во државата односно 335 метри.
Оваа реконструкција опфаќа санација на темелите, санација на столбовите и нивно појачување со нов бетон и арматура, ќе се изврши промена на старите лежишта со нови еластомерни лежишта, а исто така предвидено е и зајакнување на главните и попречните челични носачи, нов асфалтен слој, изведба на нови тротоари, нова еластична ограда и други неопходни градежни активности.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев обезбеди средства во вредност од околу 1,9 милиони евра за оваа реконструкција која е целосно во согласност со европските стандари и квалитети.
Се работи за голема и обемна реконструкција која значително ќе ја зголеми безбедноста на овој регионален пат.
Почитувани,
Владата предводена од СДСМ во изминатите три години со значителни инвестиции ја подобрува инфраструктурата во државата.
СДСМ како одговорна партија и во време на пандемија вложува и ја унапредува инфрастуктурата.