fbpx

Владата предводена од СДСМ ја докажува солидарноста на дело, грижата за сите продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на човечката солидарност, ден кој не потсетува дека токму солидарноста е темелната вредност во градењето на фер и праведно општество за сите.

Солидарноста, хуманоста, меѓусебната поддршка и помагање се основните принципи врз кои се темели социјалдемократијата.

Овие вредности од кои се водиме, ги покажуваме на дело во овие три и пол години во кои ги предводиме институциите.

Затоа, една од првите важни мерки што ги реализиравме беше зголемување на минималната плата на 12.500 денари и нејзино израмнување во сите индустриски гранки. Денес, минималната плата изнесува 14.500 денари.

Ја исправивме неправдата кон стечајните работници, сега тие добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до нивно пензионирање. Лицата над 65 години кои не оствариле право на пензија, денес добиваат социјална државна пензија од 6.000 денари месечно.

Преку социјалната реформа, за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош и го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток.

Ова, почитувани е солидарност, ова е одговорност кон сопствените граѓани на дело.

Кризата со коронавирусот ја стави на тест солидарноста во нашето општество, но преку одговорен, инклузивен пристап, инситуциите презедоа навремени мерки за справување со негативните последици од коронакризата.

Преку домашни платежни картички и ваучери за туризам, беа помогнати над 320.000 граѓани а веќе овие денови дополнителни 283.000 граѓани добиваат финансиска помош од 6.000 денари.

Преку четири пакети економски мерки им се помогна на илјадници претпријатија да ги задржат своите бизниси, да ги задржат своите вработени.

На здравствените работници кои со месеци се на првата линија на фронтот со невидливиот непријател, на 7.600 вработени во здравството кои работат со лица заболени од коронавирусот, ќе им биде исплатена награда во висина од 30.000 денари.

Почитувани,

Ова се само мал дел од примерите преку кои Владата предводена од СДСМ на дело ја покажува солидарноста и посветеноста во градење на фер, праведно и правично општество.

Продолжуваме и натаму во истиот правец. Грижата за граѓаните, помагањето и поддршката продолжуваат уште повеќе за да биде уште подобро за сите.

Последни вести