Соопштение за јавност- одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Време е за солидарност, да се помогнат микро и малите претпријатија пеплосани во пожарот кој го зафати “Глобал”
Сега е време за солидарност, помош и поддршка од сите за санирање на штетите предизвикани од пожарот којшто го зафати Т.Ц “Глобал”, во Струмица, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Костадинов, кој поттикна иницијатива , како препорака, за отворање на солидарен фонд од страната на општина Струмица рече дека за време на вакви катастрофи, добро е општините да излгуваат во пресрет.
“Општината да претставува инка каде што ќе можат граѓаните, секако на доброволна основа да донираат средства, се’ со цел излегување во пресрет на оние микро и мали компании коишто ги има, пред се мислам на продавачите на тезги коишто ги имавме и ги имаме во трговскиот центар, односно Градскиот Пазар “ Глобал”. Сметам дека на тој начин, навистина граѓаните ќе почувствуваат дека помагаат на свои сограѓани коишто во еден вака важен период, во една светска пандемија, за жал ги снајде дополнително една таква криза, како што е пожарот во Глобал”, рече Костадинов.
Портпаролот на СДСМ појасни дека кога спомнува поддршка од страна на граѓаните и секој кој може, не мисли само на финансии.
“Солидарност за мене е секако и помагање и при расчистување на самиот трговски центар, остатоците, пепелта којашто ја има, и тоа е солидарност”
Костадинов информираше дека добрата намера е препознаена од страна на градоначалниот на Струмица, но имајќи ги во предвид законските обврски којшто ги има самиот градоначалник да одредени работи мора да поминат на Совет.
Солидарност е не е милостина, туку чувство да се помогне во тешка ситуција, рече Костадинов.