fbpx

Заев: Создадовме праведна држава, ќе создадеме и правна, време е за ред, правда и дисциплина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани граѓани и медиуми,

Во изминатите три години покажавме дека македонското општество и нашите граѓани можат да бидат и солидарни и грижливи. Покажавме дека може да се помогне на секоја индивидуа или заедница на која тоа и е потребно. Сите погодени од корона кризата добиваат институционална и солидарна поддршка и помош.

Направивме пресврт и разлика, од држава во која се гази врз достоинството на луѓето, станавме држава во која се помага на сиромашните и ранливите.

Создадовме праведна држава, создаваме и правна држава!

Време е за ред, правда и дисциплина.

Нема веќе простор за компромис со правото. Оние кои имаат обврска да обвинуваат и судат, мора да испорачаат правда, а не истата да ја блокираат.

Правосудството целосно ќе се прочисти од корумпираните судии и обвинители.

Оние судии кои свесно и намерно застаруваат предмети, ќе бидат разрешени по автоматизам, за да се остави простор на оние кои чесно и професионално си ја работат работата.

Ќе започне и детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Воведуваме ред и дисциплина и во сите други институции. Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието со што целосно го затвораме просторот за евентуални неправилности и неетичко постапување.

Почитувани граѓани,

Од едната страна се граѓаните, Законот за јавно обвинителство и одлучноста да создадеме правна држава, а од другата страна е спрегата за заштита на криминалот предводена од криминалните ортаци Мицкоски-Груевски-Камчев, докторите за финансиски криминал и Ќосињата кои на неправдата и изградија и споменик.

Таквите мора да одговараат пред правдата за криминалите што ги правеле, затоа што законот денес важи за сите подеднакво.

На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството. Сета сила и енергија ја вложуваме во воведувањето ред, еднаш и засекогаш. Правиме држава во која виновните се казнуваат, а праведните напредуваат.

Благодарам.

Последни вести