fbpx

Левица и Апасиев на социјалните мрежи споделија скандалозен пост “Децата крв ќе ви плукаат”, освен омраза Левица на Апасаиев не нуди ништо друго

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот фејсбук профил кој подоцна го избриша.

„Децата крв ќе ви плукаат”, е пораката што Димитар Апасиев и раководството на Левица им ја испраќаат на граѓаните.

И покрај тоа што Апасиев се обиде да ја сокрие од социјалните мрежи, ништо не може да ја избрише оваа радикална изјава полна со омраза.

Говорот на омраза е еднакво присутен како и ширењето дезинформации и лаги, зад кои се крие истата цел – поделба на граѓаните, дискредитирање и тоа се’ само заради партиски и лични интереси.

Говорот на омраза е неприфатлив. А, кога тоа доаѓа од човек кој во Домот на демократијата треба да ги застапува интересите на граѓаните, е навредлив кон граѓаните и апсолутно недозволив.

Почитувани,

За целиот период откако Левица е дел од Собранието, освен омраза, поделби, закани и популизам, не понудија ништо друго.

Ниту еден единствен проект, ниту идеја, ниту предлог во интерес на граѓаните и државата.

Самопромоција, со евтин популизам и ништо повеќе – и секогаш на линија со политиканството, блокадите, деструкциите на ВМРО ДПМНЕ.

Исто како и ВМРО ДПМНЕ, со апсурдни амандмани се обидоа да ја блокираат финансиската поддршка на граѓаните и компаниите погодени од Ковид кризата, исто како ВМРО ДПМНЕ и Левица се противат на спроведување попис.

Левица нема ништо свое, освен навреди, омаловажувања и омраза во огромни количини.

Токму затоа, граѓаните треба да внимаваат – од една страна е СДСМ, која ја турка државата напред, со проекти и мерки кои се во интерес на граѓаните, а од другата страна е Апасиев и Мицкоски, кои освен поделби, лаги, манипулации, закани и омраза, не нудат апсолутно ништо.

Благодарам

Последни вести