Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев и во новата, 2021 година продолжува со силна поддршка кон македонското стопанство, со цел брзо надминување на негативните последици од коронавирусот.
Одобрена е првата група барања од КОВИД 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии.
Преку оваа мерка, 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании кои вработуваат 3.552 лица.
Ова е уште една мерка со која ја помагаме домашната економија и воедно спасуваме работни места.
Претходно, преку четири пакети антикризни мерки во домашната економија вбризгавме над една милијарда евра, спасивме стотици илјади работни места, помогнавме илјадници компании.
Во тек е процесот на креирање на петтиот пакет економски мерки со кој поддршката за домашната економија ќе продолжи уште повеќе и уште подобро.
2021 година ќе биде година на економски раст. Како партија предводник на институциите целосно се посветуваме на надминување на последиците од коронакризата и рестарт на македонската економија преку врќање на претходните стапки на економски раст.
Потврда за тоа е и Буџетот за 2021 година, каде 83 отсто од расходите се наменети за капитални проекти што е за 20 отсто повеќе во однос на 2020 година.
Почитувани,
Пред нас е година на економски предизвици и можности. Преку одговорен, отчетен и инклузивен пристап, реализираме политики што обезбедуваат економски раст, поконкурентна економија и подобар животен стандард за сите.
Грижата за сите продолжува.