fbpx

По 19 години ќе спроведеме попис согласно сите меѓународни стандарди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани почитувани претставници на медиумите

Парламентарното мнозинство го усвои Законот за попис на населението.

Сега, создадени се сите нормативни услови за спроведување на оваа важна статистичка операција, по сите меѓународни стандарди и по прописите на Евростат.

Институциите, првенствено Државниот завод за статистика, сега треба да изработи методологија за спроведување на пописот и таа треба да биде достапна на јавноста.

Оваа пролет државата по цели 19 години ќе спроведе попис согласно сите меѓународни стандарди.

Со оваа важна статистичка операција конечно ќе добиеме целосни релевантни податоци кои се од особено значење за креирање на издржани политики и стратегии за развој на државата.

Одново се поразени деструкциите и обидите за блокади на антидржавното ВМРО-ДПМНЕ предводено од докажаниот губитник Христијан Мицкоски.

Не успеаја нивните обиди да се блокира носењето на овој важен закон, не успеаја обидите државата да остане без важна статистичка операција, попис оваа пролет ќе има.

 

Последни вести