Прес-конференција, Далибор Богдановски, член на Комисија за енергетика на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува да вложува во заштита на животната средина и обезбедување на чист воздух за сите.
И во оваа 2021 година продолжуваат субвенциите за набавка на еколошки и енергетско ефикасни системи за загревање.
Владата предводена од СДСМ донесе одлука за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000.000 денари;
Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања;
Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;
Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
Надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари;
Надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
Ова се дел од мерките со кои ги помагаме домаќинствата и истовремено ја зголемуваме енергетската ефикасност.
Силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина и засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средна, е еден од приоритетите од иницијативата Акција 21 – Европски стандарди дома.
Како одговорна партија остануваме силно посветени на заштита на животната средина но и на намалување на трошоците на домаќинствата.