Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Целиот наш народ виде, се потврди, зад блокадите, бојкотот и саботажите на пописот како статистичка операција стои побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.
Исто така почитувани граѓани се потврди дека Христијан Мицкоски не е ништо друго освен слеп послушник на насоките на Никола Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкосвски се против напредокот на оваа земја и единствено бараат начин како да блокираат.
Тие не сакаат ова земја да успее, тие се за назад, да стоиме во место, да закочат се.
Најавите за собирање потписи покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Затоа што потписите не го ставаат надвор од сила Законот, туку треба нов закон. А нов предлог закон може да поднесе секој пратеник во собранието.
Почитувани,
Пописот е многу важна статистичка операција за планирање натамошен развој на земјата, економски пред се.
После цели 20 години ни требаат вистински, реални информации за состојбата и потребите на нашето население, на нашиот народ.
Ние за тоа да зборуваме и работиме, за попис од којшто зависи квалитетот и ефикасноста на сите понатамошни политики – економски, образовни, здравствени, културни, социјални.
Не треба само да знаеме колку луѓе живеат во државата а колку надвор, која етничка припадност се, колку се млади, колку возрасни, во урбани или во рурални средини, која е образовната или социјалната структура.
Пописот е важен за врз основа на сите собрани податоци да се креираат долгорочни економски политики за развој, за стопанството, за подобри услови за живот на сите наши граѓани, согласно нивните потреби.
Имаме независни државни институции како што е Државниот завод за статистика. Пописот е во рацете на професионалци и ќе се спроведе согласно меѓународни стандарди.
Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди, по сите критериуми на Евростат.
Затоа што тоа е одговорно и затоа што тоа е потребно на народот и државата.