Изјава за медиуми, Тодор Костадиновски, советник во Советот на општина Кисела Вода
Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Денеска се наоѓаме во населба Припор во општина Кисела Вода кадешто на улицата Христо Татарчев крак 14 целосно е завршена реконструкција на истата во должина од 1.150 метри.
Воедно на истата улица поставена е нова водоводна мрежа во должина од 250 метри, потпорен ѕид во должина од 40 метри и атмосферска канализација во должина од 1.150 метри.
Средствата за реконструкција на истата се обезбедени од општинскиот буџет на општина Кисела Вода.
Општина Кисела Вода предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски, заедно со градската и централната власт предводени од СДСМ во континуитет вложуваат во подобрувањето на инфраструктурата и квалитетот на животот на сите граѓани.
И во време на сериозна Пандемија предизвикана од вирусот Ковид 19, градежните активности се одвиваат непречено со цел унапредување на инфраструктурата во општината.