fbpx

Со новиот колективен договор, на над 17.000 административни службеници ќе им се исплаќа К-15

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ

 

Почитувани новинари, почитувани граѓани,

Правата на вработените во приватниот и во јавниот сектор се врвни приоритети на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за што изминатиот период интензивно работевме и работиме на нивно унапредување.

Со потпишувањето на Гранскиот колективен договор меѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ),  се уредуваат поголеми и поповолни права за административните службеници, а ги враќаме назад и дел од правата коишто беа укинати од ВМРО ДПМНЕ.

Колективниот договор на вработените меѓу другото им гарантира флексибилно работно време, исплата на регрес за годишен одмор, дневници за службено патување, платено отсуство заради лични и семејни околности, како и плата за време на штрајк.

До крајот на годинава вработените ќе добијат К-15 во износ од најмалку 9.000 денари

Со овој колективен договор се опфатени околу 17.700 вработени во органите на државната управа, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните домови, локалните самоуправи, агенциите и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Почитувани,

Социјалниот дијалог претставува обединувачки механизам за социјалните партнери, а потпишувањето на гранскиот колективен договор меѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Синдикатот на УПОЗ покажува дека Владата го става интересот на работниците како највисок приоритет.

СДСМ како одговорна партија која се грижи за правата на работниците и натаму ќе продолжи со заложбите коишто гарантираат подобри услови за работа на сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор како и за спречување на злоупотребата на работничките права.

На прав пат сме.

Последни вести