Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
По цели 19 години Република Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди и пракси.
Преку оваа обемна статистичка операција државата, институциите конечно ќе добијат прецизни, релевантни податоци важни за идно креирање на политики и стратегии.
Пописот ни е потребен за да добиеме целосна слика за нашето општество, да добиеме увид со националната, образовната, социјалнаta, верската и демографската структура на населението.
Важен е пописот и за да добиеме информации за нашите општини и региони, но и јасна претстава за структурата на постоечките индустриски капацитети, како и податоци за потенцијалите за иден развој на општините.
За да ги добиеме сите релевантни податоци потребен е комбиниран модел на попис. Односно преку вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите коишто веќе постојат во државата, да се добие целосен преглед за податоците кои се неопходни, но, не се опфатени со електронските бази.
Затоа, само електронски попис не е доволен за да се добијат комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди,
За потсетување на јавноста, ВМРО-ДПМНЕ партијата која денеска бара да спроведеме само електронски попис, во 2019 година силно се противеше кога се носеше воведуваше Централниот регистар на население. Тогаш аргументите им беа дека тоа ќе било замена за попис, дека преку него ќе се спроведувал електронски попис, а денес токму оваа партија бара само електронски попис.
За креирање на сериозни и долгорочни политики и потребни се сите релевантни и прецизни податоци што ќе се добијат од пописот и затоа тој ќе биде спроведен согласно сите стандарди.
Државниот завод за статистика, институциите, се подготвени и имаат капацитет успешно и професионално да ја спроведат оваа важна и најобемна статистичка операција.
Но, истовремено потребна е одговорност од секој поединец, од секоја група или политичка партија преку активно учество во пописот секој од нас да даде придонес за негова успешна реализација.